Приведен штипјанец кој со туѓа картичка подигал пари и вршел трансакции

Од:

Вчера, по преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти кривично дело по чл.251 ст.2 од Кривичниот законик, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил 35-годишниот Д.К. од Штип, информира МВР.

– Имено, постапувајќи по пријава од Д.К.(29) од Штип, според која во периодот од 15.04 до 21.04.2022 неговата банкарската картичка била злоупотребена, при што со неа биле извршени 87 успешни трансакции во вкупен износ од 356.889 денари на продажни места и банкомати во Штип, по преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Штип Д.К.(35) бил осомничен како сторител на кривичното дело, соопшти МВР.

Притоа, тој од банкомат во повеќе наврати извадил вкупно 270.000 денари. Од нив 148.000 му се вратени на оштетениот, а во координација со Јавен обвинител против Д.К. ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини