ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против 23-годишниот И.А. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик, информира МВР.
– На 09.02.2022 на кеј „Димитар Влахов“ тој и уште три други лица со закана со нож одзеле пари од С.Н.(25) од Скопје. На 02.03.2022 во 17.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, И.А. бил лишен од слобода, а на 03.03.2022 бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил притвор. Истиот ден (03.03.2022), тој бил спроведен во казнено-поправната установа за издржување на мерката притвор, соопшти МВР.
