Приведен насилник од Скопје, одреден притвор

Од:

На 19 август во 17 часот од полициски службеници на СВР Скопје на подрачјето на Аеродром бил лишен од слобода 24-годишниот В.Х. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 од КЗ на РСМ, извршено на 17.08.2022 околу 00.40 часот врз 25-годишниот Б.Б. од Скопје пред угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром, извести МВР.

Во координација со Јавен обвинител и по комплетирање на доказниот материјал поднесена е кривична пријава по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на претходна постапка и одредена му била мерка притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас