Приведен македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана

Од:

Албанската полиција го лиши од слобода македонскиот државјанин кој претпладнево со истрели од огнено оружје усмрти две жени во Тирана.

-Како резултат на интензивните активности и опколувањето на поширокото подрачје, полициските службеници го уапсија македонскиот државјанин Прпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка, стои во полициското соопштение.

Како што претходно информираше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, македонскиот државјанин претпладнево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана, во населбата „Астир“ смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница и нејзината сестра Жанета Метани, пред очите на две малолетни деца.

Според првичните истражни дејствија, до инциедентот дошло по расправија меѓу Адеми и Барди околу продолжувањето на вобрачната заедница, која Барди сакала да ја прекине.

Адеми според полицијата пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана, а од пред неколку месеци само во Тирана.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он