Денеска во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 34-годишниот Г.П. од Куманово. За него била издадена судска наредба, со која се барал за доиздржување на затворска казна, информира МВР.
Нешто подоцна, Г.П. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Кшање за доиздржување на казната.
