Приведен кумановец кој со автомобил удрил во полицаец

Од:

Кумановец вчера напладне удрил во полицаец кој бил на должност на улица во градот, по што е приведен, соопшти полицијата.

„На 24.03.2021 година во СВР Куманово бил приведен М.С.(45) од Куманово, бидејќи околу 12.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, управувајќи патничко возило „пасат“, удрил во полициски службеник од СВР Куманово кој извршувал службени дејствија,“ се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски