Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Пакистан

Од:

Вчера, во 18.00 часот на патот Гевгелија – село Богородица, на место викано „Поново мовче“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода 47-годишниот С.А. од Скопје, извести МВР.

– На местото било забележано како во неговото возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, влегуваат четири лица. При обид да биде извршена контрола на возилото, три од лицата се дале во бегство, нo набргу биле фатени, при што било констатирано дека се од Пакистан, како и лицето што било пронајдено во возилото, соопшти МВР.

С.А. бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари