Приведен криумчар, превезувал 11 мигранти од Сирија

Од:

Денеска во 10.15 часот пред тунел Јаворица, на автопатот А1 во правец Гевгелија-Демир Капија, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ, Полициска станица Богородица, го лишиле од слобода 22-годишниот П.Ч. од Скопје, извести МВР.

– При контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово. Лицата мигранти се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка, соопшти МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против П.Ч. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари