На автопатот Гевгелија – Демир Капија, денеска околу 17 часот полициски службеници го уапсиле Р.А.(50) од Скопје. Тој бил забележан како во товарно возило „форд“ како превезува мигранти. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија.
Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.