ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

Од:

Босанец, возач на камион вечера би приведен на граничниот премин Богродица, откако полицијата при проверка пронаша 15 луѓе скриени во возилото. Сите се Кинези, меѓу нив и еднен малолетник.

– Hа 28.08.2024 во 22.45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице, информираше МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски