Приведен криумчар на мигранти, поднесена кривична пријава

Од:

Регионалниот центар за гранични работи југ поднесе кривична пријава против 40-годишниот А.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информира МВР.

– Имено, на 28.01.2022 во 06.05 часот на регионалниот пат Валандово-Струмица А.Д. со патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица – мигранти од Сирија, излетал од коловозот, по што го напуштил местото на незгодата во која еден од мигрантите се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. По преземени мерки, на 01.02.2022 во 00.00 часот на регионалниот пат Гевгелија – Велес, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода пријавениот А.Д., се вели во соопштението на МВР.

Од судија на претходна постапка на него му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски