Приведен криумчар на мигранти од Албанија

Од:

Вчера вечер, околу 21.30 часот во близина на бензиска пумпа и мотел на автопатот кој води од Табановце кон Скопје од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Сопот лишен е од слобода 35-годишниот Б.Е. од Албанија, кој управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“, известува МВР.

Имено, околу 21.15 часот на стариот пат за селото Табановце, на исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон селото Речица, од полициски службеници било забележано дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река. По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се осум лица, мигранти, од кои пет од Пакистан, двајца од Мали и еден од Сомалија, соопшти МВР.

Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари