Приведен криумчар на мигранти

Од:

Денеска околу 15.45 часот во близина на село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 24-годишниот М.Ж. од Република Србија затоа што со возило „сааб“ превезувал седум лица мигранти од Сирија, извести МВР.

– Претходно, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се дал во бегство, но бил стигнат, по што со мигрантите излегле од возилото и се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени во полициска станица. Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против М.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари