Вчера, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош е лишен од слобода 29-годишниот Џ.З. од Скопје, информира МВР.
Тој е осуден на 7 години и 6 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал за доиздржување на 1 година 1 месец и 13 дена затвор.
Џ.З. е приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.
