Денеска, во 11.00 часот на улицата „Панче Попоски“ во Гостивар, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле 32-годишниот Е.И. од Гостивар за издржување затворска казна од една година, информира МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа за издржување на казната.
