Приведен криминалец кој запалил возило во Глумово

Од:

Вчера, на Граничен премин „Долно Блаце“, по претходно распишан централен распис од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода 25-годишниот Б.М. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, извести МВР.

– Имено, по преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека Б.М. на 12.05.2022 во с. Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С.. ЕНК при СВР Скопје во координација со Јавен обвинител поднесе кривична пријава по чл.288 од КЗ на РСМ по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на предходна постапка и одредена му била мерка куќен притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски