Вчера вечер, во 22.50 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, го лишиле од слобода 33-годишниот Е.П. од Скопје кој се барал за бегство од Казнено поправна установа, а бил осуден на шест години и девет месеци затворска казна, по што веднаш бил спроведен во КПУ Идризово, информира МВР.
Кај Е.П. била пронајдена и прашкаста материја.
