Приведен крадец во Тетово, пронајдени одземените пари

Од:

Во 1 часот по полноќ во мотел во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот К.В. од Тетово, информира МВР.

Тој се сомничи дека на 18.02.2022 околу 21.00 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, соопшти МВР.

При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски