Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Вчера, во 06.40 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Т.А. од Скопје, информира МВР.

– Тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг простор пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ш.(59) од с.Трубарево, скопско, соопшти МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари