По преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Штип, во полициска станица бил повикан 20-годишниот Е.М. од Штип поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „кражба“ во основно училиште во Штип и дека извршил кривично дело „тешка кражба“ од куќа на улицата „Широк дол“ во Штип, информира МВР.
Oдземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случаите против Е.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
