Приведен крадец од Скопје, расчистена „тешка кражба“

Од:

Вчера попладне во 15.20 часот во Скопје од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во рамки на Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје е лишен од слобода 22-годишниот Д.Д. од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик, информира МВР.

Тој на 22/23.05.2021 од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист, соопшти МВР.

Д.Д. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари