Приведен крадец од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Вчера од страна на полициски службеници Одделението за криминалистички работи Кисела Вода е расчистено кривично дело „кражба“ извршено на 12/13.04.2022 во Сопиште, скопско, при што е пронајден сторителот на делото, Т.Т.(40) од Куманово, со кого е извршен службен разговор во кој тој во целост го призна извршувањето на кражбата, информира МВР.

– Имено, Т.Т. во периодот од 12/13.04.2022 од 33-годишен жител на Сопиште одзел поголем број алати и материјали и ги натоварил во своето товарно возило со кумановски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес кај Т.Т. во Куманово, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, кои се одземени и вратени на сопственикот, соопшти МВР.

По документирање на случајот против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари