Приведен крадец од гостиварско Чегране, расчистени десетина кривични дела

Од:

Вчера попладне, околу 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека во текот на минатата и оваа година извршил десетина кражби и тешки кражби во Гостивар, извести МВР.

Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнувале од овие кражби, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Ш.Ф. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари