Приведен гостиварец за доиздржување на затворска казна

Од:

Полициски службеници вчера уапселе гостиварец за доиздржување на затворска казна од 11 месеци во КПУ Затвор во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 11:50 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„ЈНА“ во Гостивар го привеле Ј.Е. (31) од Гостивар, по издадена наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово. Тој се барал за доиздржување на казна затвор во времетраење од 11 месеци, соопштија од МВР.

Лицето е спроведено во КПУ Затвор во Куманово за доиздржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари