Директорот на ЗОО Галетановски повикан во полиција, поради објавата на Фејсбук да се шкртне „Северна“ од гласачкото ливче

Од:

Ѓорѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина Скопје попладнево бил повикан во Секторот за економски криминал поради објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Објавата денеска наголемо се споделува на социјалните мрежи, а во неа, на комичен начин се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за одредена партија, да го шкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче.

Галетановски околу еден час давал исказ во полиција, откако бил пријавен од анонимно лице.

По давањето на изјавата, тој бил пуштен.

Споделувањето на објавата на Фејсбук од политичката партија ја гледаат како обид за измама на нивните гласачи, па преку медиумите апелираа дека ништо на гласачкото ливче не се да се прешкрта, туку само да се заокружи бројот. Во спротивно, гласачкото ливче би било неважечко.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он