Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило

Од:

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар вчера е лишен од слобода С.Б.(58) од Гостивар.

Од МВР денеска соопштија дека при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал