Приведен дилер на кокаин и хероин

Од:

Кривична пријава е поднесена против 33 – годишен маж во чиј дом при претрес пронајдени се хероин и кокаин.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека во неговиот дом вчера се пронајдени стаклена тегла со паковки со бела прашкаста материја, кеса со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 денари, телефон и други предмети.

– Од вештачењето е констатирано дека белата прашкаста материја со вкупна нето маса од околу 270 грама е кокаин, кафеавата прашкаста материја со вкупна нето маса од 100 грама е хероин, додека на дигиталната вага се констатирани остатоци од хероин и кокаин, велат од МВР.

Пријавениот Б.С. е евидентиран во крим-евиденцијата како сторител на кривични дела, за што имал и правосилни судски пресуди.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана