Вчера вечер во 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња од слобода е лишен 33-годишниот Д.Д. од Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик, извести МВР.
– Имено, при преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., биле пронајдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакување со марихуана. Лицето е приведено во СВР Велес за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
