Приведен дебранец поради сомнение дека предизвикал пожар

Од:

Приведен е Б.М.(60) од Дебар, поради сомнение дека предизвикал пожар. Тој бил затекнат кај опожарена нива во село Бомово.

МВР информира дека вчера околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар бил приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.

Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

-Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик, известуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он

Кавадарчанец ги злоставувал 16-годишните ќерки

Куршуми и брканици, осуденици од Издризово бегале од полиција со ренџ ровер, завршија во ендек

Катерина Ѓуровски

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

Ја нападнал партнерката и и го зел тримесечното бебе

Катерина Ѓуровски