Приватните автобуски превозници продолжуваат со блокадата околу бараките на Град Скопје

Од:

Автобусите на прватните превозници кои беа вклучени во јавниот превоз и денеска се на блокада околу бараките на Град Скопје. Тие во петокот ги осолобдија крстосниците и се префрлија на булеварот „Илинденска“ во близина на објектот на Градот бидјеќи како што рекоа бесот и нездоволството им е насочен кон управата и градоначалничката Данела Арсовска.

Тие во петокот побараа средба со премиерот Димитар Ковачевски, но добија одговор дека јавниот превоз е во ингеренции на Градот и оти проблемот треба да го решат Советот и градоначалничката.

ВМРО-дПМНЕ и СДСМ од кога почнаа протестите на приватните превозници константно се напаѓаат и се обвинуваат за проблемите во јавниот превоз.

Приватните превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” почнаа со блокади на главниот град на 28. ноември кога со околу 30 автобуси на крстосницата кај Мавровка. Откако ова на вроди со ефект и Арсовска одби да преговара со нив за заостанатиот долг, тие поставија околу 200 автобуси на неколку главни точки во Скопје, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвениот Крст, како и булеварот „Илинден”.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски