Приватната болница „Санте плус“ доби забрана за работа по смртта на родилката

Од:

Приватната болница „Санте плус“ доби забрана за работа, по смртта на родилката од Кичево.

„На 23 јануари од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива, при што се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ записнички и со решение е дадена забрана за работа сè до отстранување на констатираните недостатоци“, соопшти инспекторатот.

Минатата недела во болницата почина 31-годишна родилка од Кичево при породување со царски рез. Неофицијалните информации велат дека таа починала откако при ставање целосна анестезија ѝ се затвориле дишните патишта. Докторите се обидувале да ја вратат во живот еден час и го извадиле бебето од утробата на мајката, кое исто така било без кислород. Родилката од приватната болница била однесена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Сè уште не се знае кога настанала смртта, од приватната клиника, но и од КАРИЛ, велат дека родилката не починала во нивната установа. Бебето, пак, е во стабилна состојба, но сè уште прима медицинска терапија.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството