Притворен скопјанец осомничен за продажба на марихуана и нелегално поседување пиштол

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Скопје, поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство–Скопје против Б.К. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Во близина на трговскиот центар „Мавровка“ вчера во 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „Крсте Мисирков“, соопштија денеска од МВР, било сопрено патничко возило управувано од Ф.Г., а како совозач бил Б.К. кај кого при преглед била пронајдена марихуана и со потврда за привремено одземени предмети била одземена.

Истиот ден, по издадена судска наредба од Кривичен суд Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршиле претрес на домот на пријавениот во Скопје.

– При претресот во подрумските простории пронајдени биле: пиштол марка „P.Beretta – Mod 950 B – Cal. 6.35“ со една празна рамка за истиот, револвер со натпис „ZBrno“ модел Grand, шест куршуми кратко зрно, 15 куршуми нн марка и калибар, 322 куршуми долго зрно и марихуана. Б.К. е приведен и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари