Притворен битолчанец кој со нож прободе познаник

Од:

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда.

„Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен