Притвор за возач на трактор кој предизвикал сообраќајка во која што загина сопатникот

Од:

Возач на трактор заврши во притвор, по сообраќајна несреќа во која што загина сопатникот која што се превезувал со него. Обвинителството смета дека тој возел во алкохолизирана состојба, се превртел со тракторот во удолнина и го загрозил животот на лицето кое што се возело со него.

Поради тоа Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против возачот порадитешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик.

,,Осомничениот како учесник во сообраќајот на јавен пат, во својство на возач, не се придржувал кон прописите со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Спротивно на чл.228 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако знаел дека му претстои управување со возило, се довел во состојба под дејство на алкохол, со присуство на алкохол во крвта од најмалку 0,75 грам промили. Потоа, во таква сосотојба, управувајќи со моторно возило – трактор „ландини 7830″ без регистарски ознаки во правец од село Двориште до излез кон Република Бугарија, излегол од десната страна на коловозот, при што тракторот се превртел во удолнина во должина околу 10 метри”, соопшти обвинителството.

Дополнително, спротивно на чл.186 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако на тракторот немал фабрички посебно вградено седиште, во кабината превезувал уште едно лице.По превртувањето на тракторот, сопатникот се здобил со тешки телесни повреди на главата во вид на скршеници на черепот и како последица на повредите починал.

,,Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка и ќе влијае врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани достави Предлог за определување мерка притвор.
Судијата на претходна постапка ваквиот предлог го прифати и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена”, соопшти обвинителството.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е тракторист, мажот заврши во болница

Битолчанец со трактор искршил влезна врата од казино

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Деветмина повредени во судар на трактор и две возила

(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Горан Наумовски