Притвор за велешанец, се заканувал на нотар од Кавадарци

Од:

Велешанец доби осумдневен притвор бидејќи во неколку наврати преку социјална мрежа упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци, а на 21-ви овој месец и лично отишол во канцеларијата на нотарот и му се заканил со нож.

-Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа, на 21.06.2019 година и лично отишол во канцеларијата на нотарот и се заканил со нож, соопшти Јавното обвинителство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он