Притвор за уште еден обвинет за упадот во Собранието

Од:

Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за уште едно лице опфатено со истрагата на Обвинителството за гонење организиран крминал и корупција, а во врска со настаните во Собранието од 27 април.

„Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка спроведено е едно лице опфатено со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието, за кој по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на З.С. му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Кривичниот суд.

Со ова, бројот на лица за кои судот определи затворски притвор се искачи на 19.

Кривичниот совет вчера прифати дел од жалбите на обвинителството и за тројца обвинети на кои им беше определен куќен притвор го преиначи решението и им определи затворски притвор.

По ваквата одлука, во куќен притвор остануваат уште тројца обвинети.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април