Притвор за скопјанецот кој со возило удри велосипедист кој им подлегна на повредите

Од:

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Е.Т.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што соопшти денеска МВР, на 25 овој месец околу 14 часот во Скопје на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“ и ул. „Френклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистерски ознаки управувано од пријавениот, велосипед „спринт“ управуван од Нинослав С. (65) од Скопје и автобус. Во незгодата, се појаснува, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје, каде што околу во 18,30 часот им подлегнал на повредите.

Во периодот од 25 до 28 овој месец до 07 часот од страна на СВР-Скопје спроведени се зајакнати контроли во делот на патниот сообраќај при што преземени се вкупно 473 мерки и притоа издадени се вкупно 214 платни налози за наплата на глоба и 259 покани за наплата на глоба.

Во соопштението од МВР се наведува дека 145 возачи ја пречекориле брзината на движење и тоа за 111 евидентирано е пречекорување на брзина во населено место дo 30 км/ч, а за 35 пречекорување на брзина во населено место над 30 км/ч така што по однос на овие прекршоци издадени се 111 платни налози за наплата на глоба и 35 покани за наплата на глоба. Алкотестирани се 560 возачи и кај 61 лице утврдено е присуство на алкохол, додека двајца возачи одбиле да се алкотестираат. По однос на овој прекршок 63 возачи се исклучени од сообраќај, времено се одземени 51 возачка дозвола и издадени се 63 платни налози за наплата на глоба. Покрај ова, евидентирани се 67 неправилно паркирани возила за кои се издадени 64 покани за наплата на глоба како и три платни налози за наплата на глоба. Кај 24 лица за кои се издадени исто толку платни налози утврдено е дека управувале без положен возачки испит, 44 возила се затекнати без валидна регистрација, за што се издадени исто толку платни налози, а 24 возачи минале на црвено светло и за нив се издадени 24 платни налози.

Со специјално пајак возило отстранети се вкупно 95 непрописно паркирани возила на тротоар, пешачка зона, обележан пешачки премин и велосипедска патека. Евидентирани се и четири прекршоци што ги направиле пешаците за што се издадени четири покани за наплата на глоба.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он