Притвор за скопјанецот кој се обиде да убие двајца познаници

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го скрие неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал огнено оружје – пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените, соопштија од ОЈО.

Од ОЈО посочија дела во насока на обезбедување на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Камчев останува во притвор, судот ја одби понудената гаранција

Катерина Павлова-Николовска

Затворски казни од три до шест години за седуммина од „Планина“ кои се спогодија со обвинителството

Катерина Павлова-Николовска

Врз Камчев се врши тортура и репресија, тој треба да се пушти во домашен притвор, реагираат адвокатите

А1он

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против Џафери и против пратениците кои болни со Ковид-19 гласаа во Собранието

Обвинение за агентот за недвижности поради измами во продажба на станови

Поднесена жалба за куќниот притвор за Рашковски, обвинителката Трајчева бара ефективен притвор