Притвор за осомничен за убиство на сопственик на менувачница во скопско Драчево

Од:

Секторот за внатрешни работи – Скопје до Основното Јавно обвинителство-Скопје со кривична пријава за постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ го предаде лицето С.С. (28) од Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што денеска соопшти МВР, предадена е и кривична пријава за истото дело за осомничениот И.И. (28), кој не е достапен на органите на прогон.

Кривичното дело пријавените го извршиле на 25.02.2013 година околу 19,30 часот на ул.„Славка Димкова“ во Драчево-Скопје во куќа во која се наоѓала менувачница „Золит Трејд“, при што го лишиле од живот нејзиниот сопственик притоа стекнувајќи се и со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Во соопштението од МВР се појаснува дека И.И. и С.С. се сретнале во кафе барот „Танкештеле“ лоциран во скопско Сарај, изнајмиле патничко моторно возило марка „опел омега“ (диво такси) и се упатиле кон населбата Драчево. По пристигнувањето на влезот од населбата, се упатиле кон менувачницата „Золит Трејд“, по што И.И. маскиран со црна женска чорапа, со огнено оружје пиштол испукал еден куршум во пределот на главата на сопственикот на менувачницата, кој починал на местото на настанот. С.С. ја одзел чантата со пари од починатиот и се упатил кон претходно договореното место со возачот на такси возилото со кое дошол, по што се упатиле кон село Сарај, додека пак И.И. избегал од местото на настанот во непознат правец.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини