Притвор за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Од:

Јавното обвинителство отвори истрага за ќерката (46 годишната А.И.) која ја задави мајка си (74-годишната В.И.) во скопската населба Карпош. Основниот кривичен суд ѝ одредиЛ 30-дневен притвор на А.И.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од живот сопствената мајка. Како мотив за сторување на кривичното дело навела меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Оттаму велат дека дежурен јавен обвинител веднаш излегол на увид на лице место, во домот во кој мајката и ќерката живееле заедно.

„Притоа, затекнатото безживотно тело на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената. Надлежниот суд го прифати предлогот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена“, велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“