Притвор за Груевски и да му се суди во отсуство за „Траекторија“, побара обвинителката Стефанова

Од:

На Груевски да му се суди во отсуство, а да биде издаден налог за притвор за предметот на специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, побара обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Полициската станица во Кисела Вода и Бирото за јавна безбедност го известиле судот дека обвинетиот Никола Груевски не е во Македонија. МВР стапило во контакт со унгарските служби, од каде што добиле потврда дека е на нивна територија.

Обвинителката Лиле Стефанова побара да му се суди во отсуство, а расправата за останатите обвинети да продолжи во фаза на доказна постапка. Таа побара притвор за Груевски и да му се издаде потерница за овој случај.

Стефанова рече дека би било целисходно да се води единствена постапка со оглед на тоа што доказите се поврзани сите обвинети.

Адвкатот на Груевски, Еленко Миланов, побара раздвојување на постапката за Груевски, а не судење во отсуство.

Стефанова пак рече дека не постојат услови, ниту правни причини, постапката за Груевски да биде раздвоена.

„Ако сакаше да присуствува, немаше да избега од Македонија“, рече обвинителката. Ако се врати, сите правни механизми му се на располагање.

Во „Траекторија“ обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во притвор во затворот „Скопје“, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска