А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за еден од осоминчените за разбојништвото во Добарце

by А1он01/10/2015 - 13:1286
Share0

Пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ и  30 денови притвор доби О.М.(23) од тетовското село Џепчиште како осомничен дека заедно со  уште две засега непознати лица пред два дена околу 22 часот во Непроштено извршиле разбојништво над Ш.И.(44)  од Добарце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

– Со кривичната пријава поднесена од страна на СВР Тетово О.М. вчера попладне бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово кој му определил мерка притивор од 30 дена.Нешто подоцна тој бил предаден во КПУ „Тетово “ на издржување на определената мерка, изјави Јосифовски.

Настанот се случил во вторникот откако Ш.И. и О.М. пристигнале во Непроштено со возило „Пасат“ со германски регистерски таблици сопственост и управувано од Ш.И. Веднаш потоа  ги запреле две непознати лица и им наредиле да излезат од возилото по што едно од лицата му вперило пиштол во главата на Ш.И., го репетирало оружјето и насилно му ја одзело чантата во која, според кажувањето на Ш.И., имал 23 илјади евра и 47 илјади денари во разни апоени, како и неколку негови лични документи. Со одземената чанта двајцата непознати набрзина избегале а Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат. Патем застанале, а О.М. го напуштил возилото и се оддалечил во непозната насока.

mvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто