Притвор за двајца албански државјани за поседување 226 грама марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија на возраст од 21 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 10 октомври годинава при извршен личен претрес кај осомничените, а подоцна и извршен претрес во нивното престојувалиште, полициски службеници пронашле вкупно 226,1 грама наркотична дрога – марихуана, осомничените ја набавиле дрогата со намера да ја продаваат во Гостивар и околината.

По донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар доставил предлог на осомничените да им биде определена мерка притвор.

Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничените им определил притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ