Притвор за дилер на марихуана од Тетово

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишен тетовец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„При претрес во домот на осомничениот на 29 март биле пронајдени неколку различни пакувања со наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 653,6 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски