Притвор за чуварот на затворот во Штип кој беше фатен како зема поткуп од затвореник

Од:

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип донесе наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело „примање поткуп“, соопшти јавното обвинителство.

„​Лицето вработено како чувар во КПД Штип примило парични средства во износ од 150 евра за да внесе мобилен телефон во затворот и истиот да го предаде на еден од затворениците. Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување  мерка притвор, предлог што беше прифатен од страна на судијата и со решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти ЈОРМ.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена