ФОТО: Притвор за четворица Бугари за криумчарење мигранти

Од:

Четворица државјани на Бугарија добија кривична пријава и осумдневен притвор за криумчарење мигранти. На граничниот премин „Богородица“ завчера се обиделе да превезат осум илегални мигранти од машки пол од Шри Ланка и од Авганистан на возраст од 18 до 41 година.

Пријавените Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24) на 9 март во 10.30 часот влегле на граничниот премин „Богородица“ со минибус „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, управуван од првопријавениот, додека другите тројца биле негови сопатници.

– При извршени дополнителни проверки на превозното средство од страна на полициски службеници и царински работник, во посебно направен бункер во горниот дел од возилото биле пронајдени осум илегални мигранти од машки пол. Мигрантите се на возраст од 18 до 41 година, пет од нив се од Шри Ланка, а тројца од Авганистан, соопшти МВР.

Мигрантите во разговор со полицијата кажале дека од пријавените лица и од непознато лице од Атина биле прифатени и за определен надомест требало да бидат превезени до Италија.

На четворицата пријавени им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во Прифатниот центар, а дел им се предадени на грчките погранични служби.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод