Притвор за битолчани за сторени 31 кривично дело

Од:

СВР Битола до основното јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против три 14-годишни малолетници поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво“ во обид.

Пријавените, како што информира СВР Битола, на 16 овој месец околу 11 часот и 45 минути со цел за себе да одземат туѓи подвижни предмети и остварат противправна имотна корист, во близина на местото викано „Црн Мост“ во Битола почнале да следат 70 годишна жена од Битола, ја нападнеле и и одзеле чанта со пари.

– Пријавените кога стигнале на улицата „Никола Ѓоргиевски-Никлец“ се нафрлиле врз оштетената, ја собориле на земја, ја удирале со раце и нозе и се обиделе од чантата да и го одземат паричникот, при што го искинале. Бидејќи оштетената давала отпор и викала за помош, пријавените се откажале од намерата. Материјалната штета изнесува околу 1.000 денари, а од ударите оштетената се здобила со телесни повреди и огромен стрес, истакна Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

Против пријавените, според неа, во текот на март оваа година биле поднесени 13 посебни извештаи и две кривични пријави за сторени вкупно 31 кривично дело, односно тешки кражби и одземање на мобилни телефони, дигитални фотоапарати, накит, обувки, пари или кражби во цркви…

Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, на двајца од пријавените им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он