Притвор за 69-годишен дилер од тетовско, полицијата дома му најде три вида дрога

Од:

Откако вчера во тетовското село Доброште беше приведен 69-годишен осомничен во чијшто дом беше најдена дрога, судија во претходна постапка денеска му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

„При претрес со судска наредба, извршен вчера од 19.00 до 21.00 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. (69) во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага. Тој беше приведен и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска со соодветен поднесок, по член 215 од Кривичниот законик беше изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По одредувањето на мерката притвор, осомничениот е спроведен во Казнено-поправната установа Скопје, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога