Притвор за 52-годишен маж, подведувал девојки на проституција

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.Р. од село Леуново, општина Маврово и Ростуше, со престој во село Добри Дол, општина Врапчиште, гостиварско, за сторено кривично дело кривично дело: „трговија со луѓе“, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик, информира МВР.

– Пријавениот, во периодот од средината на март 2021, па сè до 20.03.2022 во угостителски објект на подрачје на Гостивар со кој управувал, подолг временски период со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок. Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово, велат од МВР.

– Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, врз основа на судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на угостителскиот објект и претрес во деловни простории кои ги користи угостителскиот објект на подрачје на Гостивар во с.Добри Дол, а на 20/21.03.2022, при претрес, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионален центар за гранични работи Север и СВР Тетово беше затекнато пријавеното лице, три странски државјанки од Србија и една наша државјанка, како и шест лица гости во објектот. Н.Р. е лишен од слобода и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски