Пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината „Фајзер“

Од:

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер“ од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од Европската унија како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“, информира министерот за здравство Венко Филипче.

– Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија. Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on